Подароци

Победник може да биде само еден. Доколку на крајот постојат повеќе лица со ист број точно пополнети парламентарни фотељи, тогаш победникот се бира со ждрепка, во присуство на непоткуплива жири комисија (ако треба и со мобилен ќе го снимаме ждребањето).

Победникот ја добива престижната и единствена титула:

СЕМАКЕДОНСКИ КРАЛ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОГНОЗИ (a.d. 2014)

Титулата е придружена и со:

1. ПЛАТЕНА РАДИОДИФУЗНА ТАКСА за период од една година (за да може кралот да биде поврзан со главната машина за производство на кралеви, телевизорот)

2. ЏАМБО ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАЧ (Далечинскиот управувач е универзален симбол на моќта. Како што другите кралеви имаат свое жезло, така нашиот крал во секое време во раце ќе може да држи упадливо голем далечински управувач, за на сите домашни и останати присутни да им е јасно во чии раце е нивната телевизиска = животна судбина)

3. КРУНА. Вистинска круна со изгравирано име и презиме, рачно направена од македонската уметничка и изработувач на накит Марија Милошевска. (Упатство за употреба: За да не чувствува постојана тежина на својата мудра глава, кралот не мора да ја носи круната по цел ден и секаде. Таа служи како ултимативно оружје во случаи на политички кавги за време на слави, домашни седенки, гранапџиски анализи и кафански теревенки. Во такви случаи обично доаѓа до комплетно изедначување на силите (никој никого не ферма) а само кралот во тие моменти ќе може да ја извади својата круна, да ја стави на глава и на тој начин убедливо да ги замолчи своите моментални опоненти.

Изборите се приближуваат, со среќа на сите.... нас.

Институт за политички наклапања,
Трендоленд

П.С. Ако победникот е женско, тогаш е кралица